Дванаесет препораки како да се заштитиме од карцином

351

Европскиот кодекс за превенција од рак содржи 12 точки, кои мораа да се приспособат на пандемијата на коронавирусот. Оваа пандемија, која го окупира светот, донесе и нешто добро. Уште еднаш се покажа дека човековата креативност и инвентивност немаат граници и дека и во ограничени домашни услови наоѓаме разни начини како да ги активираме телото и умот.
Овие 12 упатства се темелат на несоборливи докази дека ако се придржуваме кон нив, можеме да превенираме барем 50 отсто од случаите на рак. Во актуелната ситуација може да се додаде и 13-та точка, а тоа е придржување до мерките за превенција од ковид-19.
Веројатно во изминатите неколку месеци многумина од нас веќе ги открија благодатите на престојот во природа, почесто ги посетуваа своите викендички, се посветуваа на свето хоби, за кое порано велеле дека немаат време и кај себе откриле нови таленти, за кои не ни знаеле дека ги имаат. Не смееме да заборавиме дека здравјето не е само отсуство на болест како телесна категорија. Голем број заболувања се условени од состојбата на духот и од начинот на размислување. Кога станува збор за движењето, луѓето што повеќе се движат се попозитивни, имаат повеќе енергија, покреативни се, порадосни и позадоволни од животот.
Наведуваме 12 животно важни препораки што ја намалуваат веројатноста за заболување од оваа опасна болест.

1. Немојте да пушите и не употребувајте тутунски производи.

2. Не дозволувајте пушење во својот дом и поддржете ја политиката да не се пуши на работното место.

3.Одржувајте здрава телесна тежина.

4. Бидете физички активни во секојдневниот живот. Ограничете го времето што го минувате седејќи.

5. Хранете се здраво. Јадете што повеќе интегрални жита, мешункасти плодови, овошје и зеленчук. Ограничете го внесувањето црвено месо и храна со голем процент на сол, како и на висококалорична храна богата со шеќери и маснотии и одбегнувајте ги газираните и засладени пијалаци.

6. Ако консумирате алкохол од кој било вид, бидете умерени. Откажувањето од пиење алкохол го намалува ризикот од рак.

7. Избегнувајте прекумерно изложување на сонце, а тоа особено важи за децата. Употребувате заштитни креми и откажете се од сончање во солариуми.

8. Почитувајте ги здравствените и безбедносни упаства на работното место за да се заштитите од супстанциите што предизвикуваат рак.

9. Дознајте дали во домот сте изложени на зрачење од природно високи нивоа на радон. Преземете мерки за намалување на тоа ниво.

10. За жените: со доењето мајката го намалува ризикот од добивање рак. Доколку можете, дојте го вашето дете. Со дополнителна хормонска терапија се зголемува ризикот од одредени видови рак. Ограничете го нејзиното траење.

11. Вклучете ги своите деца во програмите за вакцинирање од: хепатитис Б за новороденчиња и хуман папилома вирус (ХПВ) за девојчиња.

12. Учествувајте во организирани програми за рано откривање рак на дебелото црево (за мажи и жени), за дојка (жени) и за рак на вратот на матката (жени).