Дарко Рундек во Античкиот театар во Охрид

24

На сцената на Античкиот театар во Охрид, на 15 август, ќе настапи Дарко Рундек со својот придружен бенд. Познатиот музичар неодамна го најави новиот албум „Брисани простор“, со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови, како и оние на една од најкултните групи во регионот, „Хаустор“.
Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек во Охрид, а капацитетот за овој настап ќе биде исто така намален, во согласност со протоколите за одржување јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата ексклузивност.