Дали сте премногу негативни?

230

Сите имаме лоши денови, понекогаш но ако таквото расположение се повторува, треба да се ослободите од негативноста. Не е проблем понекогаш да станете на „лева нога“ и едноставно да не бидете расположени за некои работи. Не е проблем дури и кога таквиот став се повторува неколку дена или во стресен период од животот. Меѓутоа, ако реагирате негативно на секојдневните работи, а негативните испади се повторуваат веќе подолго време – неопходно е да се реагира, затоа што таквиот став може да има големо влијание врз квалитетот на животот.

1. Социјалните мрежи ви носат стрес
Веројатно имате проблем со негативната перцепција ако социјалните медиуми премногу ве вознемируваат, а особено ако не можете да поднесете да гледате фотографии каде што пријателите одлично се забавуваат. Таквите реакции всушност сигнализираат дека не сте задоволни од животот што го водите.

2. Не можете да се концентрирате на проекти
Бевте еуфорични и полни со желба да го завршите проектот, а сега едноставно повеќе не ве интересира? Негативноста најчесто се изразува во безволност и рамнодушност кон нештата. Ова речиси секогаш се случува затоа што за негативните луѓе, малите достигнувања на патот кон успехот не се доволно важни.

3. Минатото ви ја диктира иднината
Луѓето со негативни ставови постојано се навраќаат на своите грешки во минатото и ги доживуваат истите сценарија. Овој начин на живот ја диктира и нивната иднина, затоа што тие не сакаат да се отворат кон нови работи. Ако честопати се фаќате себеси како размислувате за минатото, можеби би требало да размислите за она што ве мачи.

4. Се расправате без причина
Огорчените, несреќни и негативни луѓе најчесто предизвикуваат кавги со партнерот и блиското семејство без причина. Повеќето луѓе го знаат и чувствуваат тоа, но не сакаат да се соочат со своите чувства. Кога ќе забележите дека ви надоаѓаат гнев и емоции, почнете да се занимавате со нешто друго и пробајте да се смирите за да спречите расправија, која само би го продлабочила незадоволството.