Гумените играчки за капење полни со бактерии

183

Швајцарски и американски научници утврдија дека гумените играчки со кои се бањаат децата се полни со различни бактерии. Научниците биле изненадени дека во такви играчки пронашле и до 75 милиони бактерии во квадратен сантиметар.

Истражувачите пребројувале микроби кои пливаат во внатрешноста на жолти патки и утврдиле дека течноста што се празни, кога ќе се истиснат, содржи „потенцијално патогени бактерии“, во четири од пет играчки.

Меѓу пронајдените бактерии биле и Легионела и Псевдомонас аеругиноса, бактерии што често се поврзуваат за болнички инфекции. Студијата ја извршиле Швајцаскиот федерален институт за водени науки и технологија и Универзитетот Илиноис.