„Гугл Хром“ од есен со целосно нов изглед

406

Најпознатиот интернет пребарувач на светот „Гугл Хром“ ќе биде целосно редизајниран во втората половина на оваа година, соопшти „Андроид Њуз Хедлајн“, повикувајќи се на девелопери.

„Гугл“ се очекува да го надгради дизајнот на прелистувачот, во стилот на „Material Design 2“ кој ќе има заеднички елементи со оперативниот систем Андроид 9.0. Детали за новата платформа ќе бидат претставени на Гугл И / O конфренцијата за девелопери во мај оваа година.

Се вели дека надградбата на „Хром“ на „Material Design 2“ ќе се случи во почетокот на есента, дури и се спомнува точниот датум – 2 септември. 

Овој датум не е случајно избран за ажурирање на прелистувачот, бидејќи тогаш „Гугл Хром“ полни 10 години.