Грозјето и смоквите полни со шеќер, лубеницата најмалку калорична

1093

Свежото овошје е најдобар начин да се задоволи желбата за слатка храна. Овошјето изобилува со витамини, минерали, антиоксиданти и хранливи влакна што му се неопходни на телото нормално да функционира. Овошјето секогаш се препорачува за диети, но би било голема грешка ако сметате дека нема калории, бидејќи има плодови што се преполни со шеќер и калории.

Овошјето е секогаш при самиот врв на листата на продукти што секако би требало да ги вметнете во вашата редовна исхрана. Но треба да се земе предвид дека и овошјето има своја калориска вредност, а има и шеќер.