Грета Тунберг ќе го заштити своето име од комерцијална злоупотреба

73

Активистката за заштита на животната средина, Грета Тунберг, изјави дека поднела пријава да го заштити своето име и името на движењето „Петок за иднината“ што таа го инспирира.

Грета се одлучила на ваквиот потег поради заштита од злоупотреба на нејзиното име во комерцијални цели.

Седумнаесетгодишната Швеѓанка наведува дека таа и нејзините колеги активисти немаат апсолутно никаков интрес да го заштитат името и да имаат свој заштитен знак, но дека за жал мора да го направат тоа.
Тунберг наведе дека со пријавата се штити нејзиното име, името на движењето „Петок за иднината“ и „Училишен штрајк за климата“, што беше слоган кој таа го држеше на протестот пред шведскиот парламент, кој инспирираше слични акции на младите во светот.

Таа вели дека заштитата е потребна затоа што постојано нејзиното име се користи за комерцијални цели без дозвола.

– Тоа на пример се случува во маркетингот, се продаваат и производи, а има и луѓе кои собираат пари во мое име и во име на движењето – напиша Тунберг на Инстаграм.

Таа додава дека со семејството ќе основа непрофитна организација која транспарентно ќе ракува со парите од авторски права, донации и награди.