Град во Франција со закон забрани тажни филмови, книги и музика

61

Градоначалникот на една општина во западна Франција со закон наредил граѓаните да „бидат весели“ една недела во октомври, за време на локалниот фестивал, кога ќе биде забрането да се читаат книги со несреќен крај, како и да се слуша тажна музика

Фреди Рифо, градоначалник на општината Есар-aнБокаж, која има 9.000 жители, објави „службвена градска одлука“, која ќе важи од 5 до 11 октомври, додека се одржува музичкиот фестивал „Радосен град“.

Во одлуката донесена на 13 септември пишува дека „се забранува емотивна музика што би можела да звучи депримирачки или тажно, филмови, приказни или книги што немаат среќен крај“.

Тој ги повикал граѓаните „да произведуваат ендофрин, хормонот на среќата, така што ќе се смеат најмалку трипати на ден“.