Голема пајажина прекри грчки брег (видео)

1060

Топлите временски услови во западниот дел на Грција предизвикаа спектакуларна и помалку морбидна глетка, пајажина долга 300 метри.

Огромно подрачје на тревната вегетација и стебла палми во лагуната во местото Аитолико е прекриено со пајажина. Локалното население вели дека ваквата глетка досега е невидена.

Експертите велат дека ова е сезонски феномен што го предизвикуваат пајаците од видот Тетрагната, кои можат да изградат големи гнезда за парење.

Се смета дека за драстичното зголемување на популацијата на пајаци придонело и наглото зголемување на бројот на комарци. Професорката по биологија и генетика на Универзитетот Демокрит Марија Чацаки, вели дека високите температури, доволната влажност и обилната храна создаваат идеални услови за репродукција на овој вид во голем број.

– Изгледа дека пајаците ги користат овие услови и се забавуваат. Се парат, се размножуваат и создаваат нова генерација – додава Чацаки.

– Овие пајаци не се опасни за луѓето и не предизвикуваат штета врз флората. Пајаците ќе се забавуваат и наскоро ќе умрат – заклучува Чацаки.