Германци условно осудени оти украле над 100 преносни тоалети

28

Судот во Дизелдорф осуди двајца Германци на условни казни бидејќи за само неколку месеци украле повеќе од сто преносни тоалети.

Еден е условно осуден на 10 месеци затвор, а вториот доби шест месеци.

Обајцата се поранешни вработени на компанијата за справување со отпад од која постепено исчезнувале преносни тоалети вредни вкупно 70.000 евра.

Кражбата била откриена по неколку месеци.

Обајцата работници признале дека тоалетите преку посредник ги препродавале на една холандска компанија чиј директор набавката на стоката најпрво ја видел во понудата на интернет страниците.

Работниците поради пресудата ја загубиле и работата, а можеби ќе мораат и да ја надоместат штетата.