Гвинет Палтроу рекламира модна колекција

82

Познатата холивудска глумица Гвинет Палтроу (48) од скоро има две нови улоги – дизајнерка и фотомоделка. Таа најдобро ги промовира производите на сопствената лајфстајл и спа-компанија и редовно ги рекламира на веб-страница за животен стил „Гуп“.
И деновиве Гвинет Палтроу потроши време за маркетинг на парчиња зимска облека од сопствената колекција „Г.Лабел“, а нејзините фотографии може да се погледнат на официјалниот инстаграм-профил на „Гуп“.
Актерката објави фотографии на кои позира во модели од јануарската колекција на, како што ги нарече, најважните луксузни работи во гардеробата достапни за купување на „Гуп“.