Вселенскиот филм на Том Круз сѐ поблиску до остварување

126

Проектот за вселенски филм со Том Круз, кој стана една од главните вести по објавените постови на Твитер на НАСА и Илон Маск, на почетокот на мај, се чини дека е се поблиску до остварување, по донесената одлука Даг Лиман да биде режисер, пренесува „Гардијан“. Веста ја објави сајтот „Дедлајн“, познат по ексклузивните вести за Холивуд.

Лиман работел со Круз и на акционите трилери „На работ на иднината“ и „Американски оригинал“, за кои ги има напишано сценаријата, бил дел продуцентскиот тим и режисер.

Не се објавени детали за содржината на новиот филм, освен изјавата на Џим Брајденштајн, директорот на НАСА, кој ги потврди медиумските гласини за проектот со неговиот твит од 5 мај, дека снимањето ќе се одвива во Меѓународната вселенска станица.

Маск, чија компанија „Спејс екс“ соработува со НАСА го потврди неговото учество во проектот одговарајќи му на Брајденштајн „би требало да биде многу забавно!“.