Врсничкото насилство не е производ на „Инстаграм“

44

„Инстаграм“ не може да го реши проблемот со врсничкото насилство (булинг), вели сопственикот на на платформата, Адам Мосери.

Тој додава дека булингот на интернет е само дел од поширокиот проблем.

Мосери вели дека тој не би сакал корисниците на оваа социјална мрежа да стануваат депресивни, но дека од друга страна вели дека тие не можат да ги сопрат луѓето да зборуваат грозни работи.

Критиките кои „Инстаграм“ ги добива, вели Мосери, се многу здрави и дека со помош на нив платформата може да решава доста проблеми кои се случуваат во сајбер просторот.

Покрај темата за булинг, Адам Мосери прокоментира и за скорешните коментари на пејачката Селена Гомез која неодамна изјави дека „Инстаграм“ прави таа да се чувствува депресивно, и како платформата се справува со голотии или содржина поврзана со само-повредување, како и за критиките кои ги добива апликацијата.

-Булингот постои веќе подолго време, но е сменет и еволуриан на интернет. Како и останатите проблеми со кои се соочуваме во денешницата, булингот е производ на поголем проблем, а не само на „Инстаграм“ и сметам дека во тој контекст често се прави пропуст- додава Мосери.