Во Њујорк одржана парада за Ноќта на вештерките

24

Десетици илјади маскирани учесници маршираа синоќа на 46. годишна парада за Ноќта на вештерките во Њујорк, која се одржа под засилен полициски надзор.

Парадата долга околу 2,5 километри започна во Гринич Вилиџ, а на неа учествуваа 50 музички бендови и танчери.
Имаше многу учесници маскирани како Бетмен и Спајдермен, но и такви инспирирани од најновиот филмски хит „Џокер“, пренесе агенцијата АП.

Во парадата можел да учествува секој кој носел костум.

Полициското присуство беше засилено и покрај тврдењата дека нема сериозни закани.

Некои улици беа затворени, а полицајци биле распоредени на секој агол.

Пред две години, додека градот се подготвуваше за Ноќта на вештерките, возач на камион удри во пешаци и велосипедисти на фреквентна велосипедска патека покрај реката Хадсон, недалеку од рутата за парадата, при што загинаа осум лица, а сериозно беа повредени 11.

Парадата за Ноќта на вештерките за првпат се одржала во 1973 година, кога куклар што парадирал со семејството привлекол големо медиумско внимание.