Во Израел откриена древна џамија од 7 век

162

Археолози објавија дека во Израел откриле остатоци од една од најстарите рурални џамии во светот, изградена во време кога исламот пристигал во оваа земја.

Израелската агенција за антиквитети проценува дека џамијата, откриена непосредно пред новата изградба во бедуинскиот град Рахат во пустината Негев, била изградена во 7 или 8 век, објави агенцијата „Ројтерс“.

-Веќе постојат големи џамии за кои се знае дека се од тој период, но тие се во Ерусалим и Мека, од друга страна, реткост е да се пронајде толку древен исламски храм кој веројатно бил изграден од страна на локални земјоделци, вели Гидеон Авни, експерт за антиквитети.

На локалитетот се ископани остатоци од џамијата на отворено – правоаголна зграда, приближно со големина на гаража за автомобил, со молитвеник насочен кон југ, односно кон Мека.