Во Германија изложен најголемиот птеросаурус

248

Во музеј за диносауруси во Германија беше претставен скелет на најголемиот досега пронајден птеросаурус.

Неговите крила имале распон од 12 метри, а бил тежок околу половина тон. Се проценува дека е стар околу 66 милиони години.

Скелетот е познат под името „Дракула“, бидејќи е пронајден во Романија.

Поради неговата големина стручњаците расправаат дали воопшто можел да полета. Според едната теорија оваа врста можела да лета само во младоста.

Два модела на овој диносаурус заедно со оргиналните коски се претставени во музејот „Алтмуехтал“ во Баварија.