Војвотката од Сасекс учествуваше на виртулен самит под моминското презиме

257

Меган Маркл за првпат по напуштањето на кралското семејство присуствуваше на виртуелниот самит „Грл ап лидершип“ под покровителство на ООН. Таа одржа мотивирачки говор, посветен на феминизмот, пренесува таблоидот „Експрес“.

Претходно беше договорено таа и принот Хари повеќе да не ги користат своите титули како дел од нивната одлука да се повлечат од кралското семејство.

На Меган, како член на британското кралско семејство, не и било дозволено да се приклучи на организации како што е ООН. Но, затоа сега го кажува јавно својот став. Сега со големо задоволство ја прифатила поканата да учествува на мотивациската конференција за млади жени.

Таа се појави како еден од официјалните говорници, заедно со Мишел Обама, Хилари Клинтон и пријателката Пријанка Чопра.

– Сите кои се во позиција на моќ, од владеењето на правото до светските лидери, сите овие луѓе зависат од вас повеќе, отколку што некогаш вие ќе зависите од нив. И запомнете, тие го знаат тоа многу добро – рече Маркл.

Таа ги охрабри младите преку нејзиниот страствен говор, а потоа заклучи дека клучот за успехот секогаш е сочувството, а не насилството.