Волонтерите на олипијадата во Токио ќе имаат помош од роботи

35

Големите спортски настани имаат потреба од огромни бројки на волонтери кои овозможуваат работите да се одвиваат брзо и лесно. Но, олимпијадата во Токио која треба да се одржи во 2020 година ќе биде различна од претходните – на волонтерите ќе им помагаат роботи.

Според информациите на Би-би-си, роботите на престојната олимпијата ќе им помагаат на гледачите кои се во инвалидски колички на „Олипискиот стадион“, ќе носат храна и пијалоци и ќе ги информираат присутните за настаните на олимпијадата.

Во склоп на проектот „Токио 2020 робот проџект“, дизајнирани се и специјални костуми кои ќе се користат на местата на спортските настани и во олипиското село. Овие коистуми се дизајнирани да им помагаат на луѓето при подигање на тешки материјали и ќе можат да го исфрлаат ѓубрето.

– Не го правиме ова за само да ги покажеме роботите, туку и да ги информираме луѓето за нивната практична употреба во секојдневниот живот. Така, не само што ќе има врвен спорт на Олимпијадата во Токио, туку ќе може да се видат и суперинтересни роботи како им помагаат на посетителите – рече првиот човек на проектот, Хирошиша Хирукава.

Најавата за користење на роботи на Олимпијадата не е првпат да се користат нови машини на олиписките и параолимписките настани. Во Рио во 2016 година, специјални роботизирани камери ги фотографираа бадминтон-натпреаврите.

Роботи беа користени и на церемонијата за отворање на параолимписките игри, а специјални возила беа користени и за враќање на копјата и ѓулињата на овие натреварувања во Бразил.