Влатко Стефановски со познати македонски артисти ја испеја „Чукни во дрво“

387

Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски артисти ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведба на легендарната „Чукни во дрво“.

Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани,  Калиопи, Тамара, Весна Гиновска Илкова, Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени, Алкесандар Митевски и Драган Спасов-Дац, Вера од Љубојна, Влатко Лозановски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев.

Во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија, а со цел поддршка и верба за брзо закрепнување на планетата, секој од учесниците, самостојно од дома, испрати обединета, универзална порака за она што е сепак најважно – здравје, среќа и љубов.