Влакнесто суштество без очи исфрлено од морето на рускиот источен брег (Видео)

1725

На рускиот источен брег, морето исфрли необично влакнесто суштество кое ги остави жителите во шок. Мртвото животно има долга опашка, прекриено со крзно и нема видлива глава, ниту,пак, очи, а според очевидците тоа е големо колку тројца просечни мажи.

Граѓаните претпоставуваат дека се работи за некој изумрен вид од морските длабочини, на пример – мамут којшто испловил по топење на мразот.

Научниците од друга страна, веруват дека се работи за дел од кит.

– Мислим дека тоа е дел од кит. Под влијание на морето, времето и разните животни, китовите попримаат чудни облици. Ова е само дел од кит, а не цело животно – изјави рускиот морски биолог Сергеј Корнев.