Вистинската банда „Пики блајндерс“ од Бирмингем

115

Мрачното индустриско подземје претставено во култната серија „Пики блајндерс“ на Би-би-си можеби не е сто проценти автентично, но подземјето било исто толку смртоносно и насилно.

Телевизиската драма, која започна со емитување во 2013 година, е фокусирана на ирско-ромската фамилија Шелби, водена од бруталниот Томас Шелби (толкуван од Силијан Марфи) и неговата борба со членови на подземјето на Бирмингем во 20-тите години на минатиот век.

Во неговите сплетки тој често е потпомаган од неговата тетка Поли Греј (Хелен МекРори), неговите браќа Артур (Пол Андерсон) и Џон Шелби (Џо Кол) и нивната помлада сестра Ада Шелби (Софи Рундл).

За богатите и моќните, оваа ера била ера на модерни девојки кои слушале џез, бунтувале и пиеле коктели, но за уметничката класа животот бил напорен и исполнет со секојдневно дишење загаден воздух и неподносливи работни услови кои биле резултат од фабриките на Индустриската револуција од деветнаесетиот век.

Полициски податоци за бандата од Бирмингем

Во ТВ-драмата, Бирмингем е тероризиран од злобна банда позната како Пики блајндерс, но за разлика од драмата, оваа банда оперирала во доцниот деветнаесетти век и почетокот на дваесеттиот век, а не во 1920-тите години.

Исто како бандата во драмата, вистинските „Пики блајндерс“ биле формирани од работничката класа од околината на Смол Хит во Бирмингем, а регрутирале членови од ирско, англиско и ромско потекло. Најактивни членови биле Дејвид Тејлор, Ернест Хејнест, Хари Фовлс, Стефан Мекникл и Томас Гилберт.

Фотографија од Хари Фовлс

Најраните податоци од весниците даваат информација дека бандата била формирана од човек по име Томас Маклоу во 1890 година.

За разлика од успешно разработениот механизам на фирмата основана од членовите во телевизиската драма, историската банда била повеќе заинтересирана за насилни злосторства, крадење и рекет. Полициски извештаи од тој период ги опишуваат како вулгарна банда луѓе што патролира пијана по улиците и навредува и ограбува минувачи.

Стефан Мекхики и Ернест Бејлес, членови на бандата од Бирминген

Бандата од Бирмингем ги опремувала своите членови во добро смислени униформи, кои се состоеле од палта и панталони во кои носеле оружје, чизми што биле обложени со метал, и се разбира, нивните качкети.

Но, историчарот Карл Чин, кој е автор на „Вистинските Пики Блајндерс“ од 2014 година, вели дека името на бандата претставена во телевизиската драма, заедно со зашиените жилети на врвот на нивните качкети, со кои тие наводно ги сечеле очните капаци на своите противници, е само урбана легенда.

Зборот „пики“ најверојатно реферира на издолжениот, клуновиден врв на нивните капи и качкети, додека „блајндер“ во тогашниот сленг значело некој што е модерно облечен, што посочувало на нивниот препознатлив стил на облекување.