Вил Смит во новиот трилер „Близнак“

86

Добитникот на „оскар“, режисерот Анг Ли, заедно со славниот актер Вил Смит, создаде возбудлив и многу поинаков филм. Филмот „Близнак“ е полн со акција, адреналин и брзи сцени, а во исто време обработува и длабока тема, која сѐ повеќе го интригира човештвото. Она што треба да се истакне е дека филмот каков што е, во техничка смисла, досега не е прикажан кај нас, во таков 3Д-формат со висока резолуција.

Технологијата успеа да клонира луѓе уште пред 20 години. Сега првпат во историјата на кинематографијата е претставен комплетно нов дигитален човек.

– Она што го направивме во овој филм, не успеал да го направи никој претходно. Гледав во совршената верзија на себеси од 23-годишна возраст – изјави Вил Смит, кој ја игра главната улога.

„Близнак“ е иновативен акциски трилер, во кој Вил Смит го глуми елитниот убиец Хенри Броган. Тој неочекувано станува цел на млад и мистериозен оперативец што може да го предвиди секој негов потег. Филмот е режиран од оскаровецот Анг Ли, а продуценти се познатите Џери Брукхајмер, Дејвид Елсон, Дана Голдберг и Дон Грејнџер. Во главните улоги се и Мери Елизабет Винстед, Клајв Овен и Бенедикт Вонг.
Филмот од вчера почна да се емитува и во кината кај нас.