Викторија Симеонова се избори за унапредување на својот талент

52

Викторија Симеонова е четвртото избрано ново име во Македонија. Титулата ѝ донесе гитара, која е нејзин најдобар пријател веќе шест години, а музиката за неа е светлост што го осветлува секој нејзин ден. Така, четвртиот циклус на проектот за поддршка на младите од цела Македонија со износ во висина до 2.500 евра за да ги унапредат своите вештини и знаења од областа на науката, културата, уметноста или спортот, успешно е спроведен до крајот. Но тоа е само почеток за Викторија Симеонова од Кочани, која како ново име на музиката, споменатата награда планира да ја искористи за унапредување на своето знаење како виртуоз на гитара.

– Среќна сум што успеав да победам и така да си покажам и себе и на другите дека да се има талент значи и да се биде упорен и истраен. Исто така, секако, би им препорачала и на другите млади луѓе во Македонија да ја искористат шансата, да се пријават на „Ново име“ и да остварат некои од своите сништа. Кој не пробува, не може ни да успее – порача Викторија.

Тука, секако, не е крајот, затоа што овој проект ќе продолжи по потрага и на петтото ново име. Имено, сите млади на возраст од 16 до 30 години, кои веруваат дека поседуваат некој талент, вреден да го претстават на светот и со тоа да обезбедат поддршка со која ќе го унапредат, треба да ги испратат своите пријави до средина на месецот.