Визуелната автобиографија на Ријана во продажба

46

Пејачката Ријана деновиве ја објави својата визуелна автобиографија на 504 страници, со повеќе од илјада фотографии, што го документираат нејзиниот живот.

Некои од нив никогаш досега не се објавени. На својата веб-страница Ријана напишала дека во книгата ќе се најдат сите сегменти на нејзиниот живот.

Од детството на Барбадос до светските турнеи, од најистакнатите модни моменти до приватното време со пријателите и семејството, книгата покажува интимни фотографии на животот на ѕвездата, дизајнерка и претприемачка.

– Многу сум возбудена што со обожавателите ќе ја поделам оваа збирка на неверојатни фотографии. Многу сум им благодарна на талентираните фотографи и уметници што конечно сево ова можам да го поделам со сите – напиша Ријана на социјалните мрежи.

Книгата е достапна за купување во три различни изданија.