Виетнамската полиција запленила над 320 илјади користени кондоми наменети за препродавање

148

Виетнамската полиција запленила повеќе од 320.000 употребени кондоми кои требало повторно да бидат продавани, пренесува Би-би-си.

Локалните медиуми објавиле фотографии од десетици кеси полни со кондоми тешки вкупо 360 килограми, кои неодамна биле откриени во складиште во јужната провинција Бинх Дуонг. Жена за која се верува дека е сопственик на складиштето е уапсена.

Кондомите биле перени, преобликувани и пакувани за повторно да се најдат во продажба. Уапсената жена изјавила дека плаќала по 17 центи за килограм кондоми, објавила виетнамската државна телевизија Ви-ти-ви. Не е познато колкава количина на вакви кондоми биле продадени.