Виенскиот универзитет изнајмил црква за неговите студенти да имаат каде да учат

101

Некои студенти на Виенскиот универзитет не одат во читалница во нивната библиотека. Наместо тоа, тие со своите лаптопи одат да учат во црквата „Вотивкирхе“ изградена во 19-от век, која универзитетот ја изнајмил за место каде што нивните студенти ќе учат, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Виенскиот универзитет лоциран во центарот на Виена, имал потреба од простор во кој ќе учат речиси 90.000 студенти без да се нарушуваат мерките за физичко дистанцирање, па затоа изнајмил црква. Студентите во црквата имаат пристап до интернет.

Црквата „Вотивкирхе“ сега е место каде што може да најдете студенти и посетители на црквата истовремено. Универзитетот има онлајн-предавања и часови во предавална со физичко присуство. Но дури и на студентите што имаат само онлајн-предавања, потребно им е место за учење. Црквата „Вотивкирхе“ била единственото место со голем простор во близина на универзитетскиот кампус.