Виенскиот оперски бал откажан поради коронавирусот

144

Најпрестижниот настан во Австрија, оперскиот бал во Виена, нема да се одржи во февруари в година поради постојан здравствен ризик, вчера објави австриската владата, пренесува „Еуропост“.

– Оваа одлука не беше лесна. Би било неодговорно да се организира балот поради ситуацијата со ковид-19 – изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Свеченоста требаше да се одржи на 11 февруари 2021 година.

Оперскиот бал во Виена е настан што секоја година привлекува околу седум илјади посетители, меѓу кои има бројни познати личности, политичари, бизнисмени…

Виенскиот комитет за традиционални балови минатата недела донел одлука да ги откаже сите свои други балови. Сезоната на балови во Виена е важен економски фактор, имајќи предвид дека минатата година, околу 500.000 посетители на повеќето видови балови придонеле за приходи од 140 милиони евра, според проценките на локалната стопанска комора.

Овој традиционален настан кој во разни форми се организира од 1814 година, за последен пат бил откажан во 1991 година поради заливската војна во Ирак.