Вештачката интелигенција може да изврши проценка на карактерот преку селфи-фотографија

56

Технологијата за препознавање на лицето може да изврши проценка на какактеристиките на една личност преку анализа на селфи-фотографиите, тврди студијата од истражувањата на два московски универзитети, универзитетот ХСЕ (Вишата економска школа) и Отворениот универзитет за хуманистички науки и економија, пренесува „Дејли мејл“.

Истражувачите создале вештачка нервна мрежа која врши проценки на 128 различни фактори на лицето на една личност, како што се ширината на устата и висината на усните или очите.

Научниците ги користат податоците од овие проценки за да ја категоризираат личноста заснована на пет особини: совесност, невротичност, екстраверзија, согласност и отвореност. Кога ги споредиле податоците од прашалниците пополнети од волонтерите, вештачката интелигенција имала точност на проценката од 58 отсто.

Научниците користеле добро воспоставен метод за категоризација на личностите, користејќи ги особините на личноста на „Големата петорка“.

Откриено дека системот бил поточен кај жените отколку кај мажите и бил најдобар во препознавањето на совеста.

Вкупно 12.000 волонтери поставија вкупно 31.000 селфи-фотографи кои биле поделени во две групи.

Едната група била користена за обука на системот за вештачка интелигенција, а другата за тестирање на мрежата.

Истражувањата од двата московски универзитети, велат дека вештачката нервна мрежа ги надминува можностите на просечен човек од кој се бара да ги процени карактеристиките на една личност, но без да знае ништо друго за личноста .

Системот може да им помогне на менаџерите да го идентификуваат најсоодветниот кандидат за работа, тврдат истражувачите.

Исто така, може да го подобри изборот на најдобри кандидати на веб-страници за дружење, услуги на клиентите или за мрежно учење.

Коавторот д-р Евгениј Осин изјвил дека лицата содржат значително количество на информации за карактерните особини на личноста.