Веслач на пат преку Атлантикот спасен од невреме

102

Американската крајбрежна стража го спасила Данкан Хачинсон(52), кој во неделата тргна од Њујорк кон Шкотска во обид да го превесла Атлантикот.

Ноќта меѓу недела и понеделник Хачинсон се најде во големо невреме со бранови од околу три метра и налети на ветер од 34 километри на час, пренесува АП.

Хачинсон поголем дел од работниот век го мина на море, најмногу работејќи во оф шор нафтената индустрија.