Венеција не сака туристите да купуваат храна за надвор

358

Во борбата против сè поголемото количество смет, Венеција има намера во следните три години да забрани отворање на нови ресторани во кои се купува храна ‘за надвор’.

Властите на оваа омилена туристичка дестинација, се обидуваат да го намалат бројот на оние кои пред да седнат во гондолата ќе купат парче пица, набрзина ќе ја изедат, а сметот ќе го остават зад себе.

Центарот на градот сè повеќе се бори со огромниот број туристи кои често зад себе оставаат смет откако претходно на отворено ја изеле храната.

Властите напомнуваат дека поради можноста за купување храна надвор, тесните улички често се блокирани од туристи кои јадат на отворено.

Наместо тоа, градот сака постоечките продавници со храна да ја подобрат понудата и да обезбедат тоалети. Мерката треба да ја одобри градскиот совет.