Велика Британија и врати на Индија украдена статуа на Буда од 12 век

313

Полицијата во Лондон денеска и ја врати на Индија статуата на Буда од 12-тиот век, откако беше украдена пред 57 години.

Полицијата ја предаде статуата за време на церемонијата по повод Денот на независноста на Индија во Лондон.

Статуата на Буда беше една од 14- те украдени статуи од музеј во Наланда на истокот на Индија во 1961 година.

Полицијата е повикана откако претставници на Сојузот за истражување на злосторства против уметноста и Индискиот проект на гордоста ја забележале статуата на саем.

Сопственикот на статуата целосно соработувал и кога дознал дека е украдена, се согласил да ја врати.