Вдомен мачорот кој ги предвидуваше резултатите од Мундијалот

51

Мачорот Ахил од музејот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, кој стекна светска слава со предвидувањата на резултатите од неодамна одржаното Светско првенство во Русија, ќе го вдоми неговата ветеринарка Ана Кондратјева.

– Разгледавме 37 кандидати и сите гарантирааа дека Ахил ќе има среќен живот и дека нема да го спречуваат во неговите социјални активности, бидејќи мачорот посетува болници и има многу добра комуникација со болните деца. Но, сепак многумина ќе се сложат дека Кондратјева е најдобар избор за него, истакна претставничката на музејот Марија Калтунен.

Кондратјева се грижи за сите мачки во „Ермитаж“, а постојано го следи Ахил во настаните во кои мачорот учествува. Таа беше еден од организаторите на предвидувањата во текот на Мундијалот.

Мачорот Ахил ги предвидуваше резултатите од натпреварите на тој начин што избираше еден од двата сада со храна покрај кои стоеа знамињата од репрезентациите.