Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

118

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад.

Според Би-би-си, тој е осуден за помалите обвиненија кои се однесуваат на силување од трет степен и сексуален напад од прв степен, а е ослободен од најсериозните обвиненија против него: предаторски сексуален напад и силување од прв степен.

Тој сè уште се соочува со обвиненија за силување и сексуален напад на две жени во 2013 година во Лос Анџелес. Вајнштајн се изјасни дека не е виновен за сексуален напад врз поранешната асистентка за продукција Мими Халеј и за силување на актерката Џесика Ман.
Поротата од седум мажи и пет жени ја донесе пресудата на петтиот ден од сослушувањето.