Вајнстин обвинет за силување

75

Обвинител на Менхетен покрена обвинение против американскиот продуцент Харви Вајнстин за силување и кривично сексуално дело.

Обвинителот Сајрус Р. Венс во образложението за обвинението истакна дека со тоа Вајнстин е за чекор поблиску до одговорност за наводните напади врз две жени во Њујорк.

Адвокатот на Вајнстин Бенџамин Брефмен изјави дека жестоко ќе го брани својот клиент и ќе бара од судот да го повлече обвинението.

Обвинението е покренато само неколку часа откако Брефмен објави дека Вајнстин одбива да сведочи пред Големата порота, затоа што немал доволно време за одбрана, како и дека политичкиот притисок го направил обвинението „неизбежно“.