Вандал се самоповредил додека уривал споменик

331

Откорнат споменикот на Раде Кончар заедно со лежиштето, а сплиќаните шокирани од срамниот настан. Според сплитската полиција, денес наутро околу 4 часот машка особа го откорнала споменикот и лежиштето при што неспретниот вандал се здобил со повреди бидејќи при уривањето споменикот паднал врз неговата нога.

Според официјалното соопштение на сплитскиот огранок на Социјалдемократската партија  „рушењето на споменикот на Раде Кончар е срамотен, кукавички и злочински чин и за жал ова е одраз на нездравата општествена клима која континуирано се негува во нашето општество. Сплит иако беше перјаница на антифашистичката борба во Втората светска војна, нема ниту една улица посветена на партизаните, па затоа не е ни чудно дека профашистичките вандали ја преземат работата во своите раце. Ова не е прв пат антифашистички споменик да е срушен во Хрватска. Од 1990 година срушени се околу три илјади споменици, без страв дека некој ќе ги открие и казни“ пишува Слободна Далмација.