Важни откритија за мозокот во 2019-та

144

Мозокот ни кажува што да правиме, како да постапиме, што да мислиме и што да кажеме. Благодарение на овој орган, ние живееме и учиме, но сè уште многу работи остануваат мистериозни. Ви ги претставуваме некои од најголемите откритија за мозокот во 2019 година.

Лутина во соништата
Луѓето можат да доживеат многу емоции додека спијат, дури и гнев. Преку анализирање на мозочната активност, истражувачите откриле дека можат да утврдат дали некое лице е луто додека сонува.

Делот што недостига во мозокот може да надоместува
Би било многу чудно доколку некој би можел да земе јаболко без своите раце. Слично на тоа, група истражувачи откриле дека мал број луѓе можат да мирисаат, иако им недостига тој мозочен регион. Во предниот дел на мозокот се наоѓаат делови задолжени за мирис.

Некои луѓе го чувствуваат магнетното поле
Некои животни го користат невидливото магнетно поле што се обвиткува околу нашата планета, како природен систем за навигација. Исто така, некои луѓе можат да го почувствуваат магнетното поле, иако не е јасно зошто.

Мозокот не ја прифаќа смртта
Смртта е исто толку природна појава како и животот. Но нашите мозоци умеат да нè штитат од идејата за сопствената смрт, правејќи ни да не можеме да разбереме дека еден ден ќе им се придружиме на другите во вечен сон.

Спиналната течност влегува во мозокот додека спиеме
Истражувачите одамна знаат дека активноста на мозокот е многу ритмичка додека спиеме, произведувајќи брановита активност на невроните. Но лани, тие откриле нешто друго што е дел од тој ритмички циклус: цереброспинална течност. Оваа течност секогаш ги опкружува и ги штити мозокот и ’рбетниот мозок.

Ако недостига половина мозок, сè може да функционира
Мозокот има извонредна способност да се менува и да се приспособува, а тоа се докажало по спроведено истражување врз мала група луѓе, чија половина од мозокот им била отстранета уште додека биле деца за да им се намалат епилептичните напади. И покрај тоа што им недостигала целата половина од мозокот, тие функционирале сосема добро бидејќи преостанатата половина со текот на времето зајакнала.

Реанимација на мртов мозок
Научниците успеаја да ги вратат циркулацијата и активноста на ќелиите во мозокот на свиња неколку часа откако таа починала. Овој радикален експеримент ја доведе во прашање идејата дека мозокот претрпува ненадејно и неповратно оштетување по смртта.