Бурна година за британското кралско семејство

138

Новата година почна бурно за британското кралско семејство. Првин принцот Хари и неговата сопруга Меган се откажаа од кралските должности, како би биле самостојни.
Пред десетина дена беше објавено дека најстариот внук на кралицата Елизабета Втора, Питер Филипс, се разведува од својата сопруга Отум по 12 години. Пред два, пак, дена портпаролот на ерл од Сноудон Дејвид Армостронг-Џоунс и грофицата Серена, објави дека двојката се разведува.

Тие  се венчаа 1993 година, имаат две деца, син Чарлс и ќерка Маргарита.
Ерл од Сноудон, член на кралското семејство и син на починатата принцеза Маргарет, и неговата сопруга грофица од Сноуден ќе се разведат, јавуваат светските медиуми.

Според Си-ен-ен Ерл од Сноудон, кој е познат по фирмата за производство на мебел што ја поседува, и неговата сопруга, се разведуваат по 27 години поминати во брак. 

– Тој и грофицата се согласиле да се разведат. Апелираме до медиумите да ја почитуваат нивната приватност,како и на нивното семејство – соопштил портпаролот на парот.