„Бук фест“ презакажан за 3 јуни

358

Манифестацијата „Бук фест“ нема да се одржи на 13 мај, како што беше најавено, туку на 3 јуни.

Како што соопштија организаторите, причина за презакажувањето е најавата за нестабилно време и дожд.

„Бук фест“ требаше да се одржи на 13 мај во Градскиот парк во Скопје. Го организира едукативната организација Хелен Дорон Македонија, а е посветен на книгите со цел кај децата да се поттикне љубовта кон читањето.

Настанот е инспиран од книгата „Алиса во земјата на чудата“.