Бруклин Бекам ќе се жени за актерката Никола Пелц

252

Семејството Бекам викендов објави убави вести. Бруклин, најстариот од четирите деца на познатата двојка Дејвид и Викторија, ја запросил својата девојка Никола, пренесува Си-ен-ен.

Романтичниот настан се случил пред две недели, но 21-годишниот Бруклин Џозеф Бекам вчера ја сподели информацијата на својот инстаграм-профил. Бруклин е познат англиски модел и аматер-фотограф.

– Пред две недели ја прашав мојата сродна душа да се омажи за мене и таа се согласи. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека ќе бидам најдобар сопруг и татко еден ден. Те сакам – напишал тој под фотографијата.

„Ме направи најсреќна девојка на светот. Едвај чекам да го поминам остатокот од животот покрај тебе. Твојата љубов е најскапоцен дар. Те сакам многу и Харпер благодарам за оваа фотографија“, бил одговорот на неговата избраничка актерката Никола Ен Пелц.

Убавата вест ја споделија и неговите родители.

„Имаме највозбудливи вести! Не можеме да бидеме посреќни што Бруклин и Никола Ен Пелц ќе се венчаат. Ви посакуваме многу љубов и да живеете среќно до крајот на животот. Ве сакаме многу!“, напишала Викторија насвојот профил на Инстаграм