Бројот на жирафите во светот опадна за 40 проценти

58

Возрасните жирафи не им се омилен плен на природните предатори, но затоа младенчињата се. Статистиката покажува дека 75 проценти од младенчињата страдаат од лавови, леопарди, хиени, диви кучиња и крокодили, а додека возрасните жирафи ги ловат луѓето. Иако во природата, смртноста кај младите жирафи е многу голема, тоа не придонесе за падот на бројноста. Популацијата се намалува поради влијанието на човекот. Локалното население ги користи во својата исхрана, а цветањето на ловот на сафари исто така придонесува за тоа.
Во последните децении, бројот на жирафите се намалил за 40 проценти.

Во 1999 година во светот имаше 140.000 од нив, а денес има само 80.000. Дури во седум африкански земји, жирафите изумреле. Два подвида на жирафи се официјално додадени на списокот на загрозени животни и за нив се смета дека се под закана од истребување. Како резултат на тоа, тие сега се во категоријата ранливи на црвената листа на загрозени видови, пишува „Пауерфул мајнд“.
Постојат четири вида жирафи и девет подвидови. Не се сите загрозени, но сите се во опасност од ловокрадство. Два подвида на списокот со загрозени видови се кордофанските и нубиските жирафи.

Ловокрадството е особено голем проблем, при што некои села убиваат жирафи заради нивното месо. Покрај тоа, многу жирафите се заклани и поради нивните опашки, кои се сметаат за статусен симбол, па во некои култури се користат како мираз.
Бебе жирафа што беше родено минатиот месец на индонезискиот остров Бали било именувано Корона за да посочи дека е родено среде пандемија. Малата жирафа, која се родила на 9 април, е жител на паркот Сафари на Бали.