Британците ќе ја изгаснат последната цигара до 2050 година

185
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Британските планови се амбициозни, а Бристол ќе стане првиот град без тутун, кога последната цигара во таа земја ќе биде изгасната во 2050 година.

Центарот за студии за тутун и алкохол на Универзитетот во Нотингем смета дека се потребни радикални мерки за пушачите да се откажат од цигарите, а една од опциите се алтернативни производи кои овозможуваат никотин, но не и чад од тутун.

– Имаме многу поопуштен став кон луѓето кои се зависни од никотин затоа што никотинот како таков не е претерано штетен – велат во оваа научна установа.

Иницијативата Бристол да стане прв град без цигари, доаѓа од најголемиот светски тутунски гигант, „Филип Морис“, кој преку својата визија за иднина без тутун, во моментот најгласно ги охрабрува пушачите да се откажат од цигарите или да пронајдат алтернативно решение кое е помалку штетно.