Британците биле во заблуда за статусот на Меган Маркл во кралското семејство

835

Според кралскиот биограф лејди Колин Камбел, Британците биле во голема заблуда за односите во кралското семејство.

Меган Маркл и принцот Хари го напуштија кралското семејство и своите кралски обврски во март годинава. Според повеќето медиуми и некои експерти, нивната одлука била диктирана од фактот дека медиумите и општеството не ја прифаќаат војвотката од Сасекс, а кралското семејство не застанало доволно цврсто зад неа.

Камбел открива нешто сосема спротивно. Меган Маркл била омилена војвотка на кралицата Елизабета кога сè уште била дел од британското кралското семејство.

Кембел пишува дека кралицата се обидела да стори сé за да ја задржи Меган во семејството и оти Меган, наводно, ѝ се допаѓала многу повеќе од Кејт Мидлтон, па поради тоа ѝ дозволувала многу повеќе привилегии.

Кембел тврди дека кралицата Елизабета, принцот Чарлс и другите членови на семејството се обиделе да направат сè за Меган да се чувствува како дома.

– Морам да ви кажам дека ова семејство навистина се обиде да стори сé што е можно за Меган да се чувствува како дома. Таквите напори никогаш не биле направени за никого – открива Кембел за медиумите.

Кембел објаснува дека за помалку од еден месец откако војвотката од Сасекс се омажила за принцот Хари, присуствувала на настан со Елизабета Втора, и дека на кралицата  навистина и се допаѓа Меган бидејќи „таа е многу силна и никогаш не се мачи да преземе контрола и да води“.

Кембел потсетува и дека Меган била поканета во кралското семејство за Божиќ во 2017 година, во време кога таа сè уште не била официјален член на семејството. А тоа се случило за првпат во историјата на кралското семејство.

Уште позначајно е што Меган ја придружувала кралицата на нејзиниот прв настан помалку од еден месец по нејзината венчавка.

Кралскиот биограф потсетува дека војвотката од Сасекс си дозволила да ги игнорира и да не почитува многу од кралските протоколи и правила, што не било случај со другите членови на семејството.