Британското кралско семејство било цел на повеќе неуспешни атентати низ историјата

134
Погубувањето на Мери, кралицата на Шкотите

Британското кралско семејство, веројатно е најпознатото кралско семејство во светот, со огромен број обожаватели и претставува симбол на класа, елеганција и благородништво. Сепак, нивната позиција во општеството ги претвори во цел на атентати од различни причини. Еве неколку неуспешни обиди за атентат врз британското кралско семејство.

Напад врз Чарлс, принцот од Велс

Во 1994 година, принцот Чарлс присуствуваше на прославата на Денот на Австралија, кога Дејвид Канг, поранешен студент, исфрустриран со статусот на камбоџанските баратели на азил во Австралија, се качил на бината и испукал двапати кон принцот. Чарлс брзо бил заштитен од обезбедувањето, кое веднаш потоа го совладало Канг. Истрагата открила дека Канг испратил околу 500 писма во врска со барателите на азил до разни новински организации и власти. Се открило дека само принцот Чарлс одговорил на неговото писмо, па затоа многумина веруваат дека токму ваквиот одговор го натерал Канг да се приврзе кон принцот и да го избере за маченик во неговата кауза. По чуден сплет на околности, Канг на крајот станал адвокат во Сиднеј.

Кралицата Викторија

Една од најпознатите владетели на Велика Британија, кралицата Викторија владеела за време на Индустриската револуција, односно за време на големи технолошки и иновативни откритија, кога Британија господарела со една четвртина од копнената територија на Земјата. Можеби токму затоа, врз неа имало бројни неуспешни обиди за атентат.

Еден од тие обиди е дело на Едвард Оксфорд. Во 1840 година, непосредно по нивната венчавка, бремената кралица и нејзиниот сопруг се возеле во кочија, кога Оксфорд пукал кон кралицата. Првично, таа мислела дека станува збор за истрел на ловџии во близина, но Оксфорд повторно нанишанил и пукал, а кралицата се наведнала во кочијата и избегнала сигурна смрт. Оксфорд бил соборен на земја од толпата која се наоѓала во близина, а кралицата продолжила со возењето како ништо да не се случило.

Едвард Оксфорд (лево) и кралицата Александрина Викторија (десно)

Кралицата Елизабета Втора

Сегашната кралица на Велика Британија, Елизабета Втора, беше сведок на многу големи промени и случувања, и таа честопати беше цел за време на нејзиното владеење. Во 1981 година, кога таа беше во посета на Нов Зеланд, 17-годишниот Кристофер Џон Луис пукал кон кралицата од петтиот кат на деловна зграда со пушка. Левис ја промашил кралицата, која дури и не знаела за истрелот, а ѝ било кажано од обезбедувањето дека се работи за пукање на петарди. Луис подоцна признал дека е дел од терористичка организација, а бил осуден само за носење огнено оружје на јавно место и на три години затвор. Се верува дека властите на Нов Зеланд го прикриле инцидентот за да обезбедат кралското семејство да продолжи да ги посетува, но сепак изминативе години е отворена нова истрага, која моментно сѐ уште е во тек.

Кристофер Џон Левис (лево)

Кралот Едвард Осми

Познат по абдицирањето на престолот со цел да се ожени со американската актерка Волис Симпсон, Едвард Осми претставува контроверзна фигура за Велика Британија, но и за светот. За време на неговото кратко владеење од 20 јануари 1936 година до 11 декември истата година, беше подложен на обид за атентат од страна на човек по име Џорџ Мекмахон. На 16 јули 1936 година, кралот со својата кочија заминал на закажаната прошетка по познатата рута низ Лондон. Мекмахон чекал во толпата со револвер, планирајќи да го застрела. Наводно, нервозниот Мекмахон го испуштил револверот и со тоа го свртел вниманието на толпата кон себе. Веднаш потоа, го дигнал револверот од земја и го фрлил во насока на кралот, но промашил. Првичнно во истрагата се верувло дека Мекмахон немал намера да го убие кралот, но подоцна се дознало дека неговото име е Џерон Баниган, кој верувал во идеологијата на нацистичка Германија. Иронично, во Велика Британија долго време се верувало дека самиот крал Едвард имал пронацистички ставови до тој степен што го посетил Адолф Хитлер и бил решителен поборник во склучување на за мир со Германија. Значи, доколку тој бил застрелан, Германија ќе изгубела клучен идеолошки сојузник.

Џерон Баниган

Џејмс Први и Барутниот заговор од 1605 година

Одговорен за повторното воведување на Протестантизмот во Англија, кралот Џејмс Први создаде многу непријатели во текот на неговото владеење, од кои најмоќен беше Католичката црква. Католичките бунтовници во Велика Британија решиле да го убијат кралот на драматичен начин. Нивниот план бил да складираат барут под Британскиот Парламент, и кога кралот ќе биде во Парламентот, да ја кренат во воздух зградата, убивајќи ги сите внатре. Овој план, познат како Барутниот заговор од 1605 година, би бил успешен доколку Гај Фокс, кој бил одговорен за складирање на барутот, не бил фатен во подрумот на Домот на лордовите и заговорот бил спречен.

Гај Фокс

Кралот Џорџ Трети

Кралот Џорџ Трети, чие владеење на престолот е и најдолго во Велика Британија, е познат по тоа што ја водеше Англија за време на некои од нејзините најзначајни конфликти, вклучително и Американската револуција и Наполеонските војни. Тој е познат и како Лудиот крал, поради неговиот темперамент и непостојана природа. За време на неговото владеење, Џорџ беше омразен од многу луѓе. Еден од нив беше Џејмс Џадфилд, кој пукал кон кралот додека се пеела националната химна во кралскиот театар, мај 1800 година. Откако го промашил кралот и додека го апселе, тој му рекол: „Господ нека го благослови Вашето Кралско Височество! Вие многу ми се допаѓате, вие сте добар човек“. Првично се верувало дека тој го рекол ова како обид да постави одбрана за подоцна, но откако бил прегледан од тројца психијатри, Хадфилд бил прогласен за луд и осуден на неопределено време во душевна болница, каде што и починал во 1844 година.

Лудиот крал Џорџ Трети

Најнови напади врз кралското семејство

Неодамна, кралското семејство беше цел на милитантите на ИСИС, кои сакаа и се обидоа да ја убијат кралицата Елизабета Втора, како и други членови на кралското семејство. Борците на ИСИС честопати ги наведуваат имињата на кралското семејство како потенцијални цели во нивните џихадистички напади. На одбележувањето на Денот на Победата врз Јапонија во 2015 година, ИСИС целеа кон семејството со импровизирани бомби. Заканата за безбедноста на кралското семејство се сметаше за доволно веродостојна, што британските сили одобрија напад изведен со беспилотно летало врз британскиот државјанин Рејад Кан во Сирија, кој беше припадник на ИСИС. Во нападот беше убиен Кан заедно со уште двајца борци други џихадисти, пред тие да имаат можност да го извршат најголемиот терористички напад во модерната британска историја.