Британски микробиолог покажува како точно дејствуваат маските

847

Британскиот микробиолог д-р Ричард Дејвис, со илустрации на Твитер, прикажа како точно функционираат маските за време на ширењето на коронавирусот. Во неколку чекори тој ја опиша ефикасноста на носењето маски за лице под наслов „Што точно прави маската?“

– Ги блокира респираторните капки што доаѓаат од устата и грлото – одговора Дејвис.
Неговата објава беше пренесена од „Индипендент“, а веќе ја виделе илјадници луѓе. Покажува точно како носењето маска може да спречи пренесување на вирусните честички од заразено лице до некое незаразено. Со помош на два едноставни прикази, тој покажува како изгледа агарната плоча во која кивал, на која пеел, зборувал и кашлал без маска, а потоа и со маска. Онаму каде што слетале капките се појавиле бактериски колонии, додека маската успеала да ги блокира. Разликата е видлива со голо око и не е занемарлива.

Во следната демонстрација Дејвис покажа како изгледа физичкото дистанцирање со и без маска. Се оддалечил 1,8 метар од своите експерименти и кашлал, прво без маска, а потоа со маска. Се покажало дека маската блокира огромен дел од капките, додека оние искашлани без заштитна маска слетале во близината на експериментот.
Микробиологот исто така напоменува дека ова не е типична презентација на ширењето на коронавирусот, но целта била да се покаже ефикасноста на носењето маски за оние што не ги следат препораките и не го прават тоа.

Ваквите постапки се особено опасни во затворени простории, на пример во јавниот превоз, каде што никогаш не треба да се влегува без заштита на лице. Со оглед на тоа колку луѓе се асимптоматски во моментот, ваквите потези се повеќе од несовесни.