Британските научници на трага на лек за обична настинка

986

Британските научници веруваат дека нашле начин што би можеле да го применат во борбата против обичната настинка, при што не би се фокусирале на уништување на вирусот што има стотива верзии, туку на лекувањето на ткивото на домаќинот, пишува Би-Би-Си.

Инфекцијата или заразата со некој вирус подразбира штетен продор и мултипликација на некој биолошки агенс(микроорганизам) во телото на домаќинот, чија последица е болест на ткивото на домаќинот.

Домаќините против инфекцијата се борат користејќи го својот имунолошки систем. Цицаќите на заразата реагираат со вродени одговори, а често станува збор за воспаленија и адаптивни имунолошки одговори.

Откако ќе го инфицира организмот на домаќинот, причинителот на инфекцијата се користи со неа за да се развива и размножува на штета на домаќинот.

Британските научници од лондонскиот Империјал Колеџ во лабораториските тестирања го блокирале клучниот протеин(ензим) во клетките кои вирусите обично ги „киднапираат“ за да се реплицираат и шират.

Научниците интензивно работат на лек што би се инхалирал за шансите за нус појави да се сведат на минимум.

Лабораториските студии покажале дека лекот на пациентот треба да му се даде што порано, за да се спречу делувањето на било кој вирус, а клиничките испитувања врз луѓето би можеле да започнат за две години.