Британка нарачала шампон, а добила американски пасоши

2030

Британката Никол Мичел која живее во Лондон била изненадена кога по пошта наместо нарачаниот шампон и пристигнале 20 нови американски пасоши.

Девојката повикала полиција, која и сугеирала да ги фрли пасошите, но подоцна висок полициски службеник и рекол да не го прави тоа.

Таа се јавила во амбасадата на Сад во Лондон, од каде по неколку часа вработени ги превземале пасошите.

Од компанијата која ги доставувала пакетите се извиниле и изјавиле дека пакетот со шампоните и пакетот со пасошите стоеле еден до друг и вработениот ги заменил при внесување во комбето. Американската амбасада соопшти дека веруваат оти станува збор за мала грешка која во иднина нема да се повтори.