Британка која има повеќе пари од кралицата Елизабета, а никој не слушнал за неа

679

На најновата листа со најбогатите луѓе во Велика Британија, која ја објави Сандеј тајмс, се појави една жена која има неброено многу пари, а никој не слушнал за неа.

За јавноста малку познатата пејачка и композиторка Кирсти Берталели (46) е трета најбогата жена во Британија, која има повеќе пари од кралицата Елизабета Втора, Адел и Џ. К. Роулинг заедно, пишува Дејли Маил.

Кирсти е мажена со швајцарски бизнисмен и познат едриличар, а нивното богатство изнесува 9,66 милијарди фунти. Со таа сума тие се пласираа на 11-то место на листата најбогати луѓе во Британија на која предводник е Џим Ратклиф, директор на мултинационалната хемиска компанија ИНЕОС, која има 21,05 милијарди фунти.

Кирсти и Ернесто се венчале во 2000 година, а со тоа Кирсти автоматски стана една од најбогатите жени во Британија. Ернесто Бертарели го стекнал своето богатство на следниов начин. Тој татковата фирма за биотехнологија ја претворил во една од најуспешните осум компании во свето. Тој ја наследил фирмата во 1998 година, а подоцна ја продал во 2006 година на 6,7 милијарди фунти.

Кирсти Бертарели својата слава ја стекнала на натпревар за Мис на Велика Британија во 1988 година, каде победила, а на изборот за Мис на светот е прогласена за втора придружничка. Потоа Кирсти влегла во музичките води, за поп групата All Saints таа ја напишала песната Black Coffee.

Песната настанала откако Кирсти го запознала нејзиниот сопруг во Сардинија, во кого се вљубила на прв поглед. Кирсти и Ернесто имаат три деца.

Ова семејство поседува имот во вредност од осум милиони фунти во Гштад- туристички град во регионот Бернес Оберланд на швајцарските Апли, вила од 10 милиони фунти во Женева и стан од 10 милиони фунти во областа Белгравија во Лондон.

Кирсти, покрај ова има и јахта Vava II во вредност од 100 милиони фунти, која и ја подарил нејзиниот сопруг за 40-от роденден. Станува збор за најголемата јахта направена во Обединетото Кралство, на која има хелиодром и базен.