Британец страда од редок синдром – неговиот организам ја претвора храната во алкохол

1865

Ник Карсон од градот Лоустоф, Велика Британија, страда од ретка медицинска состојба која уште се нарекува и синдром на автопроизводство на пиво. Неговиот организам ја претвора храната во алкохол и може да се опие од јадење на парче торта. Поради тоа мора постојано да носи алкотест со себе, пренесува „Мирор“.

Неговиот организам ги ферментира јаглехидратите и ги претвора во алкохол, за Карсон парче торта има ист ефект како кога другите пијат неколку пива, пишува „Мирор“.

– Јас сум ненамерно пијан – вели Карсон.

Тој како сопственик на компанија за чистење ја развил оваа медицинска состојба откако бил изложен на силни хемикалии на работа скоро 20 години, но поминало долго време за лекарите да му ја дијагностицираат неговата медицинска состојба. Тоа се случило откако неговата сопруга Карен ја видела истата состојбата во една од телевизиска серија на „Док Мартин“ и му предложила да оди на лекар.

Поради синдромот, Ник мора секогаш да има алкотест со себе, за да може да вози, но и да спречи губење на свеста по оброк богат со јаглени хидрати.

– Се обидувам да се држам до кето диетата, но тоа е тешко бидејќи има јаглехидрати во сите видови храна. За само неколку минути по оброкот, можам да преминам од трезвеност на толку многу промили што трипати ја надминувам границата за возење, што е многу застрашувачки. Ефектот не е пријатен и имам дупки во меморијата. Јас само зборувам глупости и одам во круг. Тоа е како активно спиење, не сте свесни што точно правите, иако сè уште функционирате  – објаснува Карсон.