Борис Џонсон е далечен роднина на кралицата Елизабета

102

Борис Џонсон добро ја запознал кралицата во текот на многуте години како британски политичар, а и сега како нејзин премиер. Но како Џонсон е поврзан со кралицата, открива британски „Експрес“.

Минатата година Борис Џонсон стана 14-ти премиер избран за време на владеењето на кралицата Елизабета Втора. Џонсон ја наследи Тереза Меј, на општите избори во декември. Пред да стане лидер на Конзервативната партија, Џонсон исто така беше секретар за надворешни работи и градоначалник на Лондон.

Додека Џонсон веќе некое време беше во првите редови на британската политика, другите членови на семејството Џонсон исто така се добро познати на британската јавност.

Сестрата на премиерот Рејчел Џонсон е позната новинарка, додека неговиот брат Џо Џонсон беше пратеник во Орпингтон до 2019 година. Неговиот татко, Стенли Џонсон е личност што често се појавува на телевизиските екрани, освојувајќи ги срцата на британската нација во реалното шоу на Ај-ти-ви.

Но, се испоставува дека семејното стебло Џонсон станува уште поинтересно, бидејќи тој има далечна врска со британското кралско семејство.

Во 2008 година Џонсон се појавил на програмата на Би-би-си „Што мислиш кој си“, во која се навраќа во минатото за да го пронајде своетосемејно стебло.

Роден како Александар Борис де Фефел Џонсон, програмата тргнала во потрага по линијата де Фефел на неговото семејство.

Позната како „Грени батер“, баба од страна на неговио татко, Ивон Ирен Ајлин Џонсон (родена Вилијамс) тврдела дека името Де Фефел потекнува од француското благородничко потекло. Голем дрвен ковчег, во кој стоело среброто на де Фефел, беше семејно наследство и подоцна ќе биде откриено како важен поим за минатото на семејството.

По долгата истрага на семејното стебло на тогаш идниот премиер, се додека неговата прабаба Каролин била нелегитимната ќерка на принцот Пол фон Вуртемберг, син на германскиот крал Фридрих од Виртемберг.

Изненадување било исто така што се открило дека сопругата на кралот Фридрих е ќерка на Август Хановер, принцеза на Велика Британија и Ирска. Нејзиниот татко бил Фредерик Луис Хановер во тоа време бил принц на Велс и син на кралот Џорџ Втори од Велика Британија и Ирска.

Со оваа врска Џонсон е всушност многу далечен роднина на сегашната кралица Елизабета Втора. Покрај тоа, тој е поврзан исто така со голем број европски династии.

Тогаш идниот премиер беше воодушевен што ја открил својата кралска лоза.

– Да ми кажавте дека сум во роднинска врска со Џорџ Втори, би помислил дека тоа се бесмислици – рекол Џонсон.