Борис Цветановски како Рис Флауер со „Translucent“ ќе ја освојува светската музичка сцена

152

Пред голем број афирмирани артисти, музички експерти, колеги, пријатели и новинари во средата во кафулето „Каза бар“ во Скопје беше промовиран новиот музички проект на македонскиот артист Борис Цветановски, кој на интернационалната музичка сцена ќе се претстави под псевдонимот Рис Флауер (Ris Flower). 

Со неговата експлозивност како фронтмен, во комбинација со творењето на привлечни популарни теми и заразни мелодии, отпеани на англиски јазик, тој создава производ кој неспорно има капацитет за достигнување на светските плејлисти.

Мистериозните текстови споени со музичките теми кои би допреле до секого, го дефинираат Рис Флауер како инди-поп артист, кој во создавањето на свите дели користи и рок, денс-рок, пост-брит поп и инди-хаус елементи.

Снимањето и обработката на овој музички проект се реализирани од врвни продуценти во едно од технички најопремените и најмодерни музички студија во Турција, кои соработувале со најголемите турски ѕвезди: Таркан, Мустафа Сандал, Сертеб Еренер и многу други.

Како продуценти и автори на аранжмани во овој проект се јавуваат Павле Васиљевиќ и Мустафа Чанбазлар, Арикан Сиракаја – микс и мастеринг (студио „Ари“), Ема Јакимова како проект координатор и контент креатор и Даниела Ѓуровска како главен стилист.

Првата песна од овој проект е „Translucent”, за која е изработен и видео запис. Темата во видеото е заробеноста на ограничениот ум во „коцка“ (кутијата) и трнливиот пат кој треба да се мине за да се излезе од неа и да се дојде до состојба на конечно ослободување на умот.

Снимањето, продукцијата и режијата на видео записот е комплетно дело на Андреј Ѓорѓиевски. 

„Trabslucent“ е најава за сѐ она во периодот што следува од Рис Флауер. 

Борис Цветановски можете да го следите на сите популарни музички платформи Apple MusicSpotifyDeezer, и на неговиот официјален Јутуб канал на музичкиот сервис VEVO.